24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Три лица загинаа во пукање на церемонија за доделување дипломи на универзитет на Филипини

Три лица беа убиени на церемонијата на дипломирање во универзитетскиот кампус во Кезон Сити, Филипини, меѓу кои и поранешната градоначалничка на јужниот град Ламитан, соопшти полицијата.

Осомничениот, кој беше ранет во размена на оган со припадник на безбедносните сили на кампусот, е уапсен и моментално е во притвор и е на распит, рече локалниот полицаец Ремус Медина.

– Изгледа дека бил решителен убиец, рече Медина, додавајќи дека кај напаѓачот биле пронајдени два пиштоли.

Кезон е дел од регионот на главниот град Манила, низа од 16 градови со население од повеќе од 13 милиони.

Поранешната градоначалничка бил застрелана додека се подготвувала да присуствува на церемонијата на дипломирање на нејзината ќерка на Правниот универзитет Атенео де Манила, еден од најпрестижните универзитети во земјата, рече Медина.

Осомничениот, кој немал роднини на церемонијата на дипломирање, исто така е од Ламитан во провинцијата Басилан, која е упориште на Абу Сајаф, исламистичка екстремистичка група позната по киднапирања.

Другите две убиени лица се службеник за безбедност на кампусот и неидентификуван маж, соопшти полицијата.

Спонзорирано: