„Кога ја формиравме актуелната Влада на Република Македонија се заложивме својата работа да ја темелиме на отворени, транспарентни, сигурни и ефикасни владини институции, кои комуницираат и соработуваат со граѓаните.
Низа истражувања спроведени од страна на домашни и меѓународни граѓански организации, како и меѓу владини организации, нотираа дека во последните десет години концептот на отворена влада во Република Македонија беше целосно занемарен, а транспарентноста на институциите значително запоставена. Затоа, во рамки на својата програма за работа и во склоп на највисокиот реформски документ планот 3-6-9, актуелната Влада реализираше пакет активности кои недвосмислено се насочени кон транспарентност, отчетност и одговорност. Тие активности и мерки ја одразуваат заложбата за целосно спроведување на концептот отворена влада, истакна премиерот Зоран Заев на Првата годишна конференција на Министерството за финансии, по повод прогласувањето на 2 април за Ден на буџетот.