24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе биде победник во војната, дефинитивно

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека неговата земја дефинитивно ќе победи во војната што ја започнала Русија.

Зборувајќи од непозната локација во Киев преку видео-врска, Зеленски им порача на делегатите на дијалогот Шангри-ла во Сингапур дека неговата земја не е во можност да извезува доволно храна поради руската блокада и дека светот ќе се соочи со сериозна криза со храна и глад.

Тој оцени дека поддршката што досега ја добива Киев од западните и азиските сојузници е голема и дека е клучно земјите да не се откажат.

„Благодарен сум за вашата поддршка, но оваа поддршка не е само за Украина, туку и за вас. На бојното поле во Украина се одредуваат идните светски правила“, додаде Зеленски.

Тој директно ги поврза руските акции со растот на цените на суровините, велејќи дека Москва прво ја блокирала енергијата за да ги зголеми цените, а сега го прави истото со храната.

Претседателот на Украина се обрати пред 575 делегати од 40 земји и рече дека неговата земја нема амбиции да влезе на руска територија.

Спонзорирано: