18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје девет сообраќајки и девет лица повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет со лесни телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а седум лица со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 31 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: еден возач поради тоа што управувал моторно возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и еден возач бил возач почетник.

Исто така, санкционирани се и 14 возачи бидејќи управувале нерегистрирани возила, петмина поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица возачи поради неправилно престигнување, како и тројца поради тоа што не дале првенство на минување на пешаци. Поради техничка неисправност едно возило било исклучено од сообраќајот.

Покрај ова, санкциониран бил и еден пешак затоа што поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 91 мандатни платни налози, додека 80 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.