11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема операција во Рио: Илјадници војници и полицајци навлегоа во фавелите под контрола на бразилските банди

Илјадници бразилски полицајци и војници влегуваат во комплексот на озлогласените фавели во Рио де Жанеиро. Станува збор за сиромашните населби на ридовите околу бразилскиот град, кои најчесто се под контрола на локалните банди и наркодилери. Како што пренесуваат светските медиуми, во прашање е една од најголемите операции откако армијата ја презеде контролата врз безбедносната ситуација во Рио.

Градот е погоден од бран насилства поради борбата за превласт меѓу бандите кои се занимаваат со трговија на дрога и се борат да освојат што е можно поголема територија. Поради тоа, армијата ја презеде безбедносната контрола минатиот месец.

Покрај бандите, се води борба и меѓу полицијата и вооружени групи на нејзини актуелни и поранешни членови, кои исто така сакаат да наметнат свое влијание. Овие конфликти резултираат со чести вооружени пресметки на периферијата од градот, но и во богатите области.

Според податоците, во текот на вчерашниот ден околу 3.400 војници и 500 полицајци влегле во комплексот наречен Линс. Тие создаваат обрач околу тоа подрачје со цел да ги спречат осомничените да избегаат и ги расчистуваат улиците од пречките поставени од бандите. Локалните медиуми јавија дека големиот автопат што минува низ Линс е исто така затворен.

Спонзорирано: