13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Листа на држави кои протераа руски дипломати поради труењето на Скрипал

Вкупно 26 земји во светот протераа вкупно 121 руски дипломат како одговор на труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија. Според британската премиерка, Тереза Меј, ова е најголемо координарно протерување на руски дипломати во историјата.

Меѓу државите кои протераа руски дипломати од солидарност кон Велика Британија, 18 се членки на Европската Унија, и тоа: Белгија (1 дипломат), Хрватска (1 дипломат), Чешка (3 дипломати), Данска (2 дипломати), Естонија (1 дипломат), Финска (1 дипломат), Франција (4 дипломати), Германија (4 дипломати), Унгарија (1 дипломат), Ирска (1 дипломат), Италија (2 дипломати), Латвија (1 дипломат), Литванија (3 дипломати), Холандија (2 дипломати), Полска (4 дипломати), Романија (1 дипломат), Шпанија (2 дипломати) и Шведска (1 дипломат).

Држави кои не се членки на ЕУ: Албанија (двајца руски дипломати), Австралија (2 дипломати), Канада (4 дипломати), Македонија (1 дипломат), Молдавија (3 дипломати), Норвешка (1 дипломат), Украина (13 дипломати) и САД (60 дипломати).

Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа пронајдени онесвестени на клупа во Солсбери, јужна Англија. И двајцата се во критична состојба, а за нападот е обвинета Русија со оглед на тоа што тие се отруени со нервен гас „новичок“ за кој се тврди дека е руско хемиско оружје.