Откако неделникот „Фокус“ неодамна објави дека на 27 април во Собранието Зоран Заев требало да биде убиен, за што постои и снимен телефонски разговор, премиерот Заев го потврди ова сознание, истакнувајќи дека човекот кој требало да го ликвидира е во притвор, објави „Фокус“.
-За деталите верувам дека правосудните органи ќе дадат соопштение или ќе информираат во соодветен период како се одвиваат судските постапки.
-Тука пред се мислам на судовите и на јавните обвинители. Јас знам дека човекот кој ја добил таа задача е во притвор, одговори премиерот Заев за „Фокус“.
Минатиот петок „Фокус“ објави дека постои телефонска снимка, снимена по неколку месеци од крвавиот четврток, а која го открива крвавото сценарио.
Спонзорирано: