Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов присуствува на погребната церемонија на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ.
Денеска во Загреб е прогласен ден на жалост по повод смртта на загребскиот градоначалник.
Утрото, заменичката на градоначалникот на Загреб ги прими градоначалниците на Скопје, Сараево, Белград, Сплит, и Љубљана, кои се запишаа во книгата на жалост во градската управа.