17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата на Зоран Заев доби поддршка од 62 пратеника, ВМРО ДПМНЕ не гласаше против

Никој не гласаше „против“ или „воздржано“ на прашањето за доверба што го постави самиот премиер, затоа што во опозициската редица немаше ниту еден пратеник.
\
Со „обновена“ поддршка од 62 пратеници, Владата го помина попладнево првиот тест за доверба во Собранието.

Шест месеци откако беше избран овој кабинет на Зоран Заев, во кој покрај СДСМ и ДУИ, партиципира и Беса, премиерот сам и ненадејно побара пратениците да се изјаснат дали Владата и натаму ја има нивната поддршка.

Резултатот, барем во делот на поддршката, беше ист како и на 30 август минатата година, кога беше избрана оваа Влада.

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници. Никој не гласаше „против“ или „воздржано“ за прашањето на доверба што го постави самиот премиер, затоа што во опозициската редица не остана ниту еден пратеник.

„Опозицијата шест месеци најавува ново мнозинство. Точно е дека сум прв премиер кој сам поставува прашање за доверба на неговата Влада и тоа е прашање на храброст и одговорност. Ред е да се соочиме и да расчистиме. Денес ќе се види дека оваа коалиција го почитува правто на помалите партии за независно дејствување“,

рече Заев, користејќи го правото да се обрати од собраниската говорница пред чинот на гласање.
За опозицијата, премиерот рече дека во овој период ќе остане запаметена како кочничар на правната држава и на политичките процеси, при што наброи кои се закони се закочени во Собранието.

„Недозволиво е да не се закажуваат седници на собраниски комисии што ги води опозицијата, да се поднесуваат илјадници амандмани против реформски закони. Ние нема да дозволиме несигурност и неизвесност“, рече Заев.