Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денес го погоди департманот Вандеја во западниот дел на Франција, кој се наоѓа на 19 километри од местото Фонтена Ле-Конт.
Националната мрежа за сеизмички мониторинг (ReNas) објави дека земјотресот се почувствувал и во области на 40 километри оддалечени од Фонтена Ле-Конт, пренесоа француските медиуми.
Sпоред медиумската мрежа „Франс инфо“, oва е најсилниот земјотрес регистриран во областа од април 2016 година.