20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствена земја во која има политички затвореници

Република Македонија го достигна дното. Република Македонија во моментот е единствена земја што има политички затвореници и е рамо до рамо со земјите во кои владеат режими, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата и судскиот систем во дослух едни со други монтираат политички случај и држат во притвор 3 месеци невини патриоти кои гласно говореле против aктуелните политики. Мерката притвор е злоупотребена. Невини глумци, режисери, пратеници и граѓани се држат во притвор во катастрофални услови, каде што се изживуваат врз нив. Судот наместо да гарантира правда за сите, тој е најголем подривач на правниот систем. Наместо да гарантира заштита на Уставот и законите, судот работи спротивно на нив и во дослух со Владата на СДСМ е најголем и најдиректен виновник за продлабочување на политичката криза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека СДСМ никогаш нема да успее да ги замолчи сите што се критички настроени кон нив.

„Со секој изминат ден на невините патриоти во притвор судот го продлабочува јазот помеѓу наелектризираните страни во државата. Реваншизмот и одмаздата што ни се случуваат во моментот еден ден ќе бидат ревидирани и сите одлуки ќе бидат преиспитани. Затоа, уште веднаш невините патриоти да се пуштат на слобода“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.