19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Словенија има 10 новозаразени со коронавирус, активниот број на случаи е 181

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 753 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус, пет помалку од претходниот ден, објави словенечката влада.

Бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.233. Во последните 24 часа нема нови смртни случаи, така што вкупниот број смртни случаи како резултат на Ковид-19 останува 125.

Активниот број на случаи во моментот е 181, во болниците има 24 пациенти поради Ковид-19, од кои четири се во одделот за интензивна нега.

Словенечката влада објави дека ја вклучила Белгија на црвениот список на епидемиолошки ризични земји поради влошената епидемиолошка состојба, а во жолтиот список на најбезбедни земји ги вклучила Малта, Швајцарија и делови од Шпанија.

Белорусија, Алжир, Еквадор и шпанската провинција Валенсија се ставени од црвениот на жолтиот список.

Спонзорирано: