24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германија влезе во вториот бран на епидемијата

Германија, според тамошните експерти, моментно се наоѓа во вториот бран на епидемијата, пренесува Си-ен-ен.

„Ние сме во вториот бран на ширење на вирусот“, рече Сузана Џона, претседателка на синдикатот на лекарите „Марбургер бунд“.

Бројот на заразени лица во Германија се зголеми во последните неколку дена поради што политичарите и експертите ги повикуваат граѓаните да се придржуваат повеќе кон мерките за физичка оддалеченост.

„Постои опасност да го прокоцкаме успехот што го постигнавме досега во Германија“, рече Џона додавајќи дека причината за тоа е желбата на граѓаните да се вратат во нормалниот живот пред епидемијата.

Синдикатот „Марбургер бунд“ смета дека германскиот систем за здравствена заштита е добро подготвен за зголемувањето на бројот на заразените, но ги предупреди граѓаните дека нема причина за опуштање.

„Посакуваме нормалност. Но, продолжуваме да живееме во ситуација што, едноставно, не е нормална“, рече Џона.

Спонзорирано: