19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина и дека се подготвува да распореди поголема група експерти во областа од која се прошири епидемијата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека меѓународен тим ќе биде испратен во кинескиот град Вухан, од каде што почна пандемијата кон крајот на минатата година.

Тој додаде дека доказите и хипотезите што ќе произлезат ќе бидат темел за понатамошните истражувања.

„Епидемиолошките проучувања ќе почнат во Вухан за да се утврди можниот извор на инфекција кај првите случаи“, вели тој.

Се претпоставува дека заразата предизвикана од коронавирусот потекнува од пазарите во кинескиот град Вухан, каде што се продаваат разни животни. Научниците се обидуваат да го утврдат потеклото на вирусот и како тој можел да премине од животните на луѓето. Тие ја отфрлаат шпекулацијата дека вирусот е произведен во лабораторија на Институтот за вирологија во Вухан.

Во светот од заразата предизвикана од коронавирусот се погодени повеќе од 18,3 милиони луѓе, од кои починаа повеќе од 695 илјади.

Спонзорирано: