10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е повеќе отколку во петокот кога имаше 371 заразен, соопштија здравствените власти.

Ова е вторпат во изминатите седум дена бројот да се зголеми кога се намали за последните 16 недели. Според „Ројтерс“, бројот на пациенти во француските болници се намалил од 5.298 во петокот на 5.198, колку што има денеска.

Француските власти исто така објавија дека уште 29 лица починале од петокот, со што бројот на починати порасна на 30.249.

Спонзорирано: