Моќен земјотрес од 7 степени ја погоди денес Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Земјотресот се случил во 7:34 часот по локално време со епицентар во близина на островот Итуруп, на длабочина од 160 километри, јавува новинската агенција „Кјодо“.
Според информациите, досега не е издадено предупредување за цунами, а нема соопштенија ниту за материјална штета./Makfax
Спонзорирано: