Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Романија и Унгарија ја ангажираат војската поради коронавирусот

Сè поголем број земји во Европа и во светот ја ангажираат војската за евакуација и прифаќање луѓе од Кина по повод епидемијата на коронавирусот, а први земји од регионот што се приклучиле кон тоа се Романија и Унгарија, јавува Балканската безбедносна мрежа.

Според порталот www.balkansec.net, во специјална мисија на романското Воено воздухопловство оваа недела со транспортен авион „С-27Ј Спартан“ со опрема за медицинска евакуација и оддел за изолација од Германија во Букурешт биле префрлени две лица кои претходно престојувале во Кина.

И двајцата се сместени во карантин во траење од 14 дена.

Романските медиуми пишуваат градот Букурешт определил посебен објект за прием и сместување лица во карантин.

Во зградата сместена на неидентификувана локација може да се сместат стотина луѓе.

Унгарија исто така го ангажирала Военото воздухопловство за да ги превезува своите граѓани кои престојувале во загрозените области и формирала специјална работна група за борба против коронавирусот.

На 2 февруари седуммина унгарски државјани беа префрлени од Франција во Будимпешта со авион на унгарските воздушни сили.

Порталот додаде дека најбројните евакуации од Кина во Европа досега ги направиле Франција, Велика Британија и Германија, а на глобално ниво САД и Јапонија./Makfax

Во тренд…