Секој член на кралското семејство има свој омилен пијалак што го пие за време на празниците и сите сакаат алкохол.
Принцот Чарлс (71) претпочита вишновка, но нема да одбие ни мартини направен од џин и пелинковец. Неговите синови, принцот Вилијам (37) и Хари (35), уживаат да пијат пиво и јаболковача.
Сопругот на кралицата Елизабета Втора (93), принцот Филип (98), е страстен љубител на пиво, па дури има и едно омилено – „бодингтонс“.
Сопругата на Чарлс, Камила (72), за време на божикната прослава пие џин-тоник, а војвотката Кејт Мидлтон (37) ужива во црвено вино како вистинска дама. Но, покрај познатото „мерло“, таа сака да пие и виски „џек даниелс“.
Кралицата Елизабета Втора пие исклучиво коктел наречен „заза“. Тој е мешавина од слатко француско црвено вино и џин.
Друго од правилата на ова семејство е задолжителното играње „шарада“ до полноќ. Никој не смее да се предаде и да отиде на спиење сè додека кралицата Елизабета Втора не каже дека е доста. Без оглед колку е уморен некој од нив, тие мора да издржат додека кралицата не ги прати на спиење./Makfax