16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Конститутивна седница на косовскиот парламент

За денеска во 15 часот е најавена конститутивна седница на косовскиот парламент. Ова претходно беше потврдено од претседателот на заминување на косовскиот парламент Кадри Весели. Весели кој е претседател на Демократската партија на Косово рече дека неговата партија ќе остане во опозиција и вети дека ќе работи во одбрана на правата на граѓаните во парламентот.

Најмногу гласови на вонредните парламентарни избори освои Движењето Самоопределување (ВВ), кое,] во седмиот по ред Парламент по војната во 1999 година ќе има 29 пратеници. Едно пратеничко место помалку освои Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), кој, како и ВВ, во претходниот мандат беше во опозиција.

Досегашната владејачка Демократска партија на Косово (ПДК) ќе има 24 пратеници, додека од нејзините коалициони партнери, Алијансата за иднината на Косово (ААК) освои 13, а коалицијата на Социјалдеморкатската иницијатива (Нисма) и Алијансата ново Косово (АКР) шест места. Десет места во 120-членото косовско Собрание, според домашните закони, се гарантирани за претставниците на косовските Срби (и на овие избори сите места ги освои партијата Српска листа), а исто толку и за помалите етнички заедници, односно за претставниците на Турците, Бошњаците, Ромите, Ашкалиите, Египќаните и Горанците.

Косово одржа предвремени избори на 6 октомври откако Рамуш Харадинај поднесе оставка на премиер. Поранешните опозициски партии Самоопределување и Демократската лига на Косово победија на изборите и се очекува да формираат нова влада./Makfax

Спонзорирано: