Одбележан јубилеј – 15 години на „Поточиња“

На 24 и 25 март 2018 година во Македонска опера и балет се одржа 15-годишниот јубилеен концерт на прекрасните „Поточиња“. 5.000 насмеани родители и деца ги посетија 6-те настапи на „Поточиња“ во саботата и неделата.

Поради јубилејот, организаторот Пап подготви специјално издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Популарната детска маскота „Поки“ беше водител на овој долгоочекуван детски фестивал на кој воедно учествуваше и Сара Мејс со најновата песна која ја направија со „Поточиња“ со наслов „Гласот на децата“.

За музиката и аранжманот е одговорен реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите се дело на Светлана Пецакова.
Организаторите изјавија благодарност за поддршката и интересот до сите кои го посетија фестивалот и затоа порачаа дека со нетрпение го очекуваат следниот фестивал.

Во тренд…