Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне на повеќе места се можни пороен дожд и грмежи. Локално процесите може да прераснат во краткотрајно невреме.
Се најавуваат силен западен ветер со налети над 60 километри на час, електрични празнења и изолирана појава на град. Температурите ќе се движат од 24 до 35 степени.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со дожд, а во делови од котлината е можно локално невреме. Бидејќи процесите се локални, точната локација треба да се следи преку краткорочните радарски предупредувања на УХМР.


