Снежните врнежи вечерва го отежнуваат сообраќајот на дел од патиштата во Македонија. Снег интензивно паѓа на планинскиот превој Ѓавато, каде што зимските услови го усложнуваат патувањето.
Снегот и лизгавите коловози создаваат проблеми и на други планински превои низ земјава.
На возачите им се препорачува особена претпазливост, намалена брзина, задолжителна зимска опрема и проверка на состојбата на патиштата пред тргнување.


