Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година денес е на дневен ред на 118. собраниска седница, во второ читање. Собраниската расправа може да трае најмногу три дена.
Планираните приходи изнесуваат 379,5 милијарди денари, а расходите 425,8 милијарди. Дефицитот е проектиран на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од БДП, додека капиталните расходи се околу 46 милијарди денари.
Дополнителни средства се предвидуваат за земјоделски субвенции, железнички транспорт, спорт, ученички и студентски стандард, здравство, социјални надоместоци, национална СОС-линија и два центри за жртви на насилство. Ребалансот ќе стапи во сила дури по собраниското усвојување.


