Утре времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.
Прогноза за 11.06.2026
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 34°C
Сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град.
Прогноза за 12.06.2026
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 32°C
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и појава на грмежи, а температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец кој наместа повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.
Прогноза за 13.06.2026
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


