Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со добри вести: 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди (ВИДЕО)

„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски истакна дека чекале изборите официјално да завршат за да можат да го објават повикот за аплицирање, за кој што рече трае до први јануари 2026 година.

„Не сакаме како многу влади кои што во минатото правеа, тоа да го правиме пред изборите за да не биде сфатено како неетичко однесување од страна на Владата, затоа почекавме изборите да завршат официјално со одлука на ДИК. Така што ги повикувам студентите да се пријават на овој јавен повик кој е отворен до први јануари 2026 година“, порача Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.