Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

На 08.04.2026 во 07:40 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово. Според пријавеното, на 07.04.2026 околу 22:00 часот на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово, тој се сретнал со М.Ѓ.(23) од Куманово наводно за да расчистат претходно недоразбирање, а биле присутни уште неколку други лица, соопшти МВР.

Како што е пријавено, М.Ѓ. притоа извадил пиштол и нож, по што бил физички нападнат од малолетникот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување помош.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕМИЛОСРДНА НА ТЕРЕН: Шест лица лишени од слобода на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК

УШТЕ ЕДНА АРАМИСКА РАБОТА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Двајца мажи го нападнале, трето лице – жена му ги зело парите

ДЕСК

ЗЛОДЕЛО СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Две лица физички нападнале пензионерка и ѝ ги зеле парите

ДЕСК