14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) На Шри Ланка автомобил влета во гледачите за време на трка, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа, а 21 се повредени кога автомобил влета во гледачи за време на автомото трка организирана од армијата на Шри Ланка вчера источно од Коломбо, соопшти полицијата.

Возилото удри во толпата на незаштитен дел од земјена патека што ја одржува армијата кај Фокс Хил, кој се наоѓа на околу 180 километри од главниот град на Шри Ланка.

На видеото споделено на социјалните мрежи се гледа како лицата од надзорот на патеката веат жолти знамиња за да ги предупредат возачите да ја намалат брзината откога автомобил се преврте на патеката. Потоа се гледаат неколку автомобили како со голема брзина одат покрај облаците од портокалова прашина, а црвен автомобил удри во толпата по што се слуша луѓе како врескаат.

„Вкупно 27 лица се пренесени во болница, од кои седум починале од повредите“, изјави Нихал Талдува, портпарол на полицијата, додавајќи дека меѓу загинатите има и осумгодишно девојче.

Медиумите објавија дека на патеката Фокс Хил биле присутни речиси 100.000 гледачи.

Спонзорирано: