14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ракети истрелани од Ирак кон базата на меѓународната коалиција во Сирија

Доцна синоќа од северниот дел на Ирак биле истрелани проектили кон базата на меѓународната антиџихадистичка коалиција во соседна Сирија, ирачките безбедносни сили соопштија дека го пронашле возилото што било користено за лансирање на тие проектили.

Тоа е прв голем напад врз силите на коалицијата предводена од Вашингтон, по неколкунеделно затишје. Минатата зима, вооружени проирански фракции извршија десетици ракетни и беспилотни напади врз американски војници распоредени на Блискиот Исток.

Синоќа во провинцијата Ниневија, на северот на Ирак, на границата со Сирија е започната „голема операција за пребарување и инспекција“ со цел да се откријат сторителите на нападот, соопштија ирачките безбедносни сили. Тие сили обвинија „непознати напаѓачи“ дека истрелале ракети врз базата на меѓународната коалиција околу 21:50 часот по локално време.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права објави дека „неколку ракети биле истрелани од ирачка територија кон базата Хараб ал-Џир каде што се наоѓаат американските сили“ во североисточна Сирија. Опсерваторијата се сомнева дека за нападот е одговорна проиранска вооружена група.

Овие ракетни напади се изведуваат во време на зголемени тензии во регионот, каде што во тек е војна меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас во Појасот Газа.

Спонзорирано: