13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Тајмс оф Израел“: Америка ја прифати операцијата на Израел во Рафах, доколку Израел не го нападне Иран

Соединетите Американски Држави го прифатија планот на Израел за копнена операција во јужниот дел на Газа во градот Рафах во замена за неизвршување на голем напад врз Иран, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на неименуван египетски функционер.

„Американската администрација покажа дека го прифаќа планот што претходно го претстави окупаторската влада во врска со воената операција во Рафах, во замена за неизвршување голем напад врз Иран“, изјави неименуван египетски функционер за катарскиот медиум „Ал Араби ал Џадид“.

Тој додаде дека Египет се подготвува за можните последици од инвазијата на Рафах, каде, според израелските медиуми, се верува дека се наоѓаат четири баталјони на палестинската милитантна група Хамас и над милион цивили кои побегнале таму од другите делови на Појасот Газа, а се сомнева дека таму се и лидерите на Хамас и израелските заложници.

Израелскиот јавен сервис „Кан“ вчера објави, повикувајќи се на неименуван израелски функционер, дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го променил планот за одговор на нападот на Иран по разговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Неименуван израелски функционер појасни дека одговорот на Израел ќе се случи, но дека ќе биде поинаков од планираниот.

Ноќта меѓу саботата и неделата, Иран изврши напад врз Израел со беспилотни летала и балистички и крстаречки ракети како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.

Спонзорирано: