13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Експлозии одекнуваат во Украина: лансирани хиперсонични проектили, Полска и НАТО подигнуваат борбени авиони

Украинските власти известија за експлозии на североистокот, југот и западот на земјата, како дел од новиот бран руски ракетни напади за кои Киев рече дека ги оштетиле објектите на електричната мрежа.

Во раните утрински часови, воздухопловните сили на Украина прогласија тревога во поголемиот дел од земјата, дури и во најзападните региони.

Експлозии се слушнале во украинскиот град Харков уште во пет часот наутро, изјави градоначалникот Игор Терехов преку апликацијата за пораки Телеграм, како и во регионот Запорожје, според гувернерот Иван Федоров, кој исто така известуваше на Телеграм.

Гувернерот на западниот регион Лавов, Максим Козицки, на Телеграм изјави дека одбраната работи во областа.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко изјави на Телеграма дека нападите биле насочени кон капацитети за производство и дистрибуција на електрична енергија во регионите Харков, Запорожје, Лавов и Киев.

Во регионот Харков, повеќе од 200.000 корисници останаа без струја по нападот, а жителите побараа засолниште во метро.

Украинската војска извести дека Русите испратиле беспилотни летала и хиперсонични ракети Кинжал на цели низ земјата и дека истрелуваат ракетни проектили од бомбардери Тупољев Ту-95.

Засега нема извештаи за жртви.

Олег Синегубов, гувернер на регионот Харков, појасни дека Русија користела противвоздушни ракети С-300 во нападот на енергетските капацитети во Харков. Оштетена е и станбена зграда. Поради масовниот напад на Украина, Полска подигна борбени авиони

Спонзорирано: