13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русите се фокусираа на Харков, се пожестоко го бомбардираат, Зеленски бара помош

Имајќи ги предвид постојаните руски воздушни напади врз североисточниот град Харков, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од меѓународните сојузници итно да ги испорачаат потребните системи за противвоздушна одбрана.

„Сосема е очигледно дека капацитетите за противвоздушна одбрана што ги имаме во Украина не се доволни – и тоа им е јасно на сите наши партнери“, рече Зеленски во синоќешната видео порака.

„Бараме начини да му обезбедиме на Харков повеќе воздушна одбрана“, рече тој, повикувајќи ги сите украински дипломати и меѓународни преговарачи да бараат договори за нови испораки.

Зеленски долго време бара дополнителни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ од САД, а претходно во ТВ интервју рече дека на неговата земја и се потребни најмалку 25 такви системи за да се одбрани од руски напади.

Украина, која се брани од голема руска инвазија повеќе од две години, повторно забележа зголемено руско воено фокусирање на Харков, во моментов повеќе од кој било друг град.

Според локалното обвинителство, две воздушни бомби паднале вчера напладне во Харков, при што се повредени пет лица, додека 13 станбени згради и други објекти биле оштетени. Во петокот вечерта шест лица загинаа, а 11 беа повредени.

Спонзорирано: