14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Патрушев директно ја обвини Украина за терористички напад во Русија

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, тврди дека Украина стои зад терористичкиот напад во градското собрание „Крокус“ во Моксва, во кој на 22 март загинаа 139 лица.

„Се разбира, Украина“, одговори Патрушев на новинарско прашање дали Украина или терористичката организација ИСИС стои зад терористичкиот напад, пренесува „РИА новости“.

Во нападот загинаа најмалку 137 лица, повеќе од сто се повредени, а одговорноста за нападот ја презеде организацијата Исламска држава.