12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Федерални агенти упаднаа во две куќи на Диди

Федерални агенти во понеделникот извршиле рација во два имоти на музичарот Шон Диди Комбс, во врска со истрагата за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, пишуваат американските медиуми.

„Координирани рации беа спроведени во Лос Анџелес и Мајами од вооружени агенти од Одделот за домашна безбедност, со помош од локалните органи за спроведување на законот“, изјавија извори за TMZ. Телевизиската станица FOX11 објави снимка од претресот во Лос Анџелес, каде со лисици може да се видат двајца од синовите на раперот, Џастин Комбс (30) и Кинг Комбс (25).

Извршувањето на налогот за претрес, издадено од Канцеларијата на американското правобранителство, се верува дека е поврзано со наводите што се појавија против 54-годишниот музичар во последните месеци, почнувајќи со тужбата поднесена во ноември од страна на R&B пејачката Каси Вентура која ја обвини него за долгогодишно сексуално малтретирање и физичко малтретирање.

Спонзорирано: