22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сијарто: Западноевропските лидери да признаат дека нивната воена стратегија во Украина не успеа

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека лидерите на западноевропските земји треба да признаат дека нивната воена стратегија во Украина е неуспешна и дека тоа создава ризик од нова светска војна.

Тој на Фејсбук напиша дека ситуацијата во Европа е „критична“, и дека заканата од избувнување на светска војна е „сè поакутна“.

„Лидерите на Западна Европа треба да признаат дека нивната воена стратегија во Украина е неуспешна и дека прекин на огнот одамна ќе беше постигнат доколку вложеа барем половина од своите напори во воспоставување мир, а не во снабдување на Украина со оружје“, изјави шефот на унгарската дипломатија.