20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ им даде на компаниите половина милијарда евра за зголемување на производството на муниција

Европската Комисија објави дека доделила 500 милиони евра предвидени со Законот за производство на муниција на европските компании со цел да го зголемат нивниот производствен капацитет на 2 милиони гранати годишно до крајот на 2025 година.

Комисијата ја заврши евалуацијата на пристигнатите понуди и избра 31 проект за помош на европската одбранбена индустрија во зголемување на производството и подготвеноста на муниција.

Избраните проекти опфаќаат пет области: експлозиви, барут, артилериски гранати, проектили и сертификација за тестирање и обновување.

Програмата ќе поддржува проекти кои го зголемуваат годишниот производствен капацитет за повеќе од 10.000 тони барут и повеќе од 4.300 тони експлозив. Комисијата, исто така, ја започна работната програма за Инструментот за зајакнување на европската одбранбена индустрија преку заеднички набавки (EDIRPA) и четвртата годишна програма за работа на Европскиот фонд за одбрана (ЕДФ).

Буџетот на тие програми заедно изнесува речиси 2 милијарди евра. Денешните чекори кон зајакнување на европската одбранбена технолошка и индустриска база следат по усвојувањето на првата Европска одбранбена индустриска стратегија (EDIS) и поврзаниот предлог за Европска одбранбена индустриска програма (EDIP).