16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон за нуклеарната закана на Путин: Франција е нуклеарна сила, ние сме подготвени

Францускиот претседател Емануел Макрон ги коментираше заканите на рускиот претседател Владимир Путин за подготвеноста на Русија за нуклеарна војна.

Во таа прилика Макрон рече дека Франција е нуклеарна сила и дека е несоодветно да се упатуваат такви закани кога „имате нуклеарно оружје“.

– Прво и основно мора да се чувствуваме заштитени, бидејќи сме нуклеарна сила. Подготвени сме, имаме доктрина за употреба на нуклеарно оружје – изјави Макрон за телевизиските канали TF1 и France 2.

Потсетиме дека Путин претходно изјави дека Русија е технички подготвена за нуклеарна војна и дека ако САД испратат војници во Украина, тоа ќе се смета за ескалација на војната.

Спонзорирано: