9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Тлото во Црна Гора не престанува да се тресе, дали ова ќе заврши!? – Над 30 последователни земјотреси…

По посилниот земјотрес што утринава ја погоди Црна Гора, следуваше серија од триесетина послаби, соопшти на прес-конференција Милена Томановиќ, раководител на Сеизмолошкиот оддел на Хидрометеоролошкиот завод. Таа нагласи дека тоа покажува дека е предизвикана сеизмичност и рече дека ќе ја следи натамошната состојба.

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 4 часот и 6 минути во Црна Гора, а е почувствуван низ цела Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, но И Македонија.

Овој земјотрес најсилно е почувствуван околу Билеќа со интензитет од шест степени, соопштија од Институтот.

Епицентарот на земјотресот бил на пет километри југозападно од градот Чараѓе, на околу 30 километри од Никшиќ, на границата со Босна и Херцеговина.

„Јачината на овој земјотрес во хипоцентарот (фокалната точка) беше 5,4 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет од VII степен од Меркалиевата скала (MCS). Епицентарот на овој земјотрес е лоциран на длабочина од 14 километри“, соопштија од Сеизмолошкиот завод.

Засега нема извештаи од терен дали има поголема материјална штета.

Томановиќ најави дека живееме во кревка област и додаде дека е невозможно да се предвиди дали посилен земјотрес би можел да ја погоди Црна Гора.

„Не можеме да предвидиме дали тоа може да се повтори, но имавме 30 последователни земјотреси“, рече Томановиќ.

Спонзорирано: