11.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад на стаорци во полициска станица: Јадат конфискувана марихуана, сите се дрогирани

Официјални лица на полицискиот оддел на Њу Орлеанс (НОПД) објавија дека во просторијата за докази, во седиштето на полициските сили на тој град, се појавиле стаорци кои јадат доказни материјали, меѓу другото, и марихуана.

„Стаорците ја јадат нашата марихуана. Сите се на дрога“, рече началникот на полицијата Ен Киркпатрик на состанокот во понеделникот на градскиот комитет за кривична правда.

Проблемот не е ограничен само на просторијата за докази, но некои вработени тврдат дека на нивните клупи пронашле измет од стаорци, пренесува CBS News.

Во истата зграда не работат клима уредите и лифтовите, истакна Кикпатрик, додавајќи дека лицемерно е да се каже дека службениците се грижат за вработените, а тие работат во нехигиенски услови.

Членовите на Советот на седницата на Управниот одбор во понеделникот изгласаа давање под закуп на новата зграда на НОПДг.

Новиот 10-годишен закуп би го чинел градот 670.000 долари месечно, што е сепак поевтино од 30 милиони долари што би ги чинело за да се поправи сегашното седиште, рече Гилберт Монтано, главен административен директор на градот.