20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон по втор пат ја одложи посетата на Киев

Францускиот претседател Емануел Макрон по трет пат ја одложи официјалната посета на Киев. Првата посета на францускиот претседател беше планирана во февруари, но поради промени на фронтовите, неговата посета беше пролонгирана.

Тогаш неговата посета беше одложена за средината на март, а со вчерашната најава по втор пат беше продолжена неговата посета. Од друга страна, Макрон води бројни иницијативи на Европската унија, енергично се залага за радикални решенија, што е спротивно на неговиот неуспех да оствари официјална посета на Киев.

Исто така, неодамнешниот ракетен напад на руските сили врз Одеса за време на работниот престој на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис дополнително создава отежнувачка околност за планирање на престојот на делегациите.