4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден рече дека Орбан сака диктатура, жестоко реагираше Унгарија

Унгарија го повика американскиот амбасадор за да протестира против изјавата на претседателот Џо Бајден за време на предизборниот митинг дека премиерот Виктор Орбан се обидува да воведе диктатура, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто на брифинг со новинарите во вторникот.

По изјавата на Сијарто, портпаролот на американската амбасада рече:

– Амбасадорот Дејвид Пресман секогаш ја поздравува можноста да разговараме за состојбата на унгарската демократија со нашиот сојузник. Орбан отворено го поддржа обидот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа, а неговата националистичка влада често се судри со администрацијата на Бајден, вклучително и околу блиските врски на Унгарија со Русија.

Орбан се сретна со Трамп во Флорида минатата недела и го пофали како единствен кандидат на претседателските избори кој може да стави крај на војната во Украина. По нивната средба, Бајден за време на изборната кампања изјави дека Орбан „одлучно рекол дека не мисли дека демократијата функционира и дека се обидува да воведе диктатура“ – пренесуваат американските медиуми.

Унгарскиот министер за надворешни работи изјавата на Бајден ја нарече лажна и „многу сериозна навреда“.

– Ваквиот начин на размислување на претседателот и на демократската администрација е тежок товар за нашите билатерални односи – рече Сијарто во одговор на прашање на прес-конференцијата.