12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Сака диктатура“ – Будимпешта го повика американскиот амбасадор поради коментарот на Бајден за Орбан

Унгарското Министерство за надворешни работи го повика американскиот амбасадор Дејвид Пресман во знак на протест поради изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека унгарскиот премиер Виктор Орбан сака диктатура, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.

„Не сме должни да трпиме такви лаги од никого, дури и ако тоа лице е претседател на САД“, рече Сијарто на брифинг со новинарите.

Во текот на викендот, Орбан ги посети САД, каде што се сретна со поранешниот претседател Доналд Трамп, по што изјави дека Трамп е претседател на мирот. Тој додаде дека во моментов немаше да има војна во светот ако Трамп се уште беше претседател на САД.

Коментирајќи ја средбата на Орбан со Трамп, Бајден рече дека „Орбан отворено изјавил дека не мисли дека демократијата функционира.

Тој бара диктатура, рече Бајден.

Спонзорирано: