14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху жестоко му одговори на Бајден: Вашите критики се погрешни и неточни

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборуваше за критиките на Џо Бајден, претседателот на Соединетите Американски Држави, нагласувајќи дека тие се „погрешни и неточни“.

Нетанјаху одговори на изјавата на Бајден на која тој рече дека премиерот на Израел „прави повеќе штета отколку добро“ преку неговата политика.

– Не знам точно што сакаше да каже претседателот, но ако мислеше дека јас извршувам лични политички цели против желбите на мнозинството Израелци и дека тоа им штети на интересите на Израел, греши и во двата случаи – изјави Нетанјаху за Политико.

Тој додаде дека тоа не е негова приватна политика, туку дека огромното мнозинство Израелци ја поддржуваат.

Израелскиот премиер рече дека „последната работа што Израел треба да ја направи е да одобри формирање на палестинска самоуправа во Газа“ и дека Израелците го поддржуваат неговиот став да не се формира палестинска држава.

– Повеќето Израелци разбираат дека ако не го сториме тоа, она што ќе се случи е повторување на масакрот од 7 октомври, што би било лошо за Израел, лошо за Палестинците и лошо за идниот мир на Блискиот Исток – посочи Нетанјаху.

Спонзорирано: