12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

Познато и кога: Бенјамин Нетанјаху објави крај на војната во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека агресијата врз Газа е при крај и дека нема да трае повеќе од два месеци.

Нетанјаху ги отфрли изјавите на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека пристапот на Израел кон конфликтот повеќе и штети на земјата отколку што и помага, пренесе „Политико“.

Израелскиот премиер рече дека и самиот не знае што точно мислел американскиот претседател, но ако мисли дека води приватна политика против желбите на мнозинството Израелци и дека тоа им штети на интересите на Израел, тогаш тој е погрешно.

– Ставовите што ги бранам ги поддржува огромното мнозинство Израелци кои по 7 октомври рекоа: „Не сакаме палестинска држава“ – нагласи тој, отфрлајќи ја можноста за решение со две држави.

Според израелскиот премиер, ИД досега уништила три четвртини од борбените баталјони на палестинското движење Хамас, односно близу 13.000 борци. Таа бројка, тврди тој, е вклучена во повеќе од 30.000 палестински жртви, иако Вашингтон изјави дека Израел убил „повеќе од 25.000 жени и деца“.

Во исто време Нетанјаху најави дека борбите се при крај и нема да траат повеќе од два месеци.

– Можеби шест недели, можеби четири – рече Нетанјаху.

Тој, исто така, ја отфрли можноста за прекин на борбите за светиот муслимански месец Рамазан. Како што рече, тој самиот „би сакал уште едно ослободување на заложниците“, но, за жал, не гледа напредок во преговорите.

– Без ослободување на заложниците, нема да има прекин на воените дејствија – тврдеше тој и повтори дека ќе има копнена офанзива на Рафах, пренесува Политико.