15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германец примил 217 вакцини против Ковид без негативни последици

Германецот (62) бил вакциниран против Ковид 217 пати, против медицински совети, но истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг тврдат дека оваа количина на имунизација не му наштетила.

Човекот бил приватно вакциниран во рок од 29 месеци, а овој случај е забележан во медицинското списание „ Д лансет инфектус дисеасес”, пренесува Би-Би-Си.

Д-р Килијан Шобер, од одделот за микробиологија на Универзитетот во Ерланген-Нирнберг, го контактирал човекот за да ја тестира плунката, како и примероците од свежа и замрзната крв.

„Можевме да земеме примероци од крв кога човекот прими дополнителни вакцини за време на студијата на негово инсистирање. Можевме да ги искористиме овие примероци за да утврдиме точно како имунолошкиот систем реагира на вакцинацијата“, рече Шобер.

Д-р Шобер беше загрижен дека хиперстимулацијата на имунолошкиот систем, кој преку вакцинација препознава и се бори против Ковид, може да замори одредени клетки со повторени дози.

Но, истражувачите не пронајдоа докази за ова кај 62-годишниот маж, ниту пак постоеле индикации дека тој некогаш страдал од вирусот. Истражувачите нагласија дека не ја поддржуваат хипервакцинацијата како стратегија за зајакнување на адаптивниот имунитет, а резултатите од нивните тестови на 62-годишникот биле недоволни за да се извлечат далекусежни заклучоци и препораки за пошироката јавност.

„Тековните истражувања покажуваат дека три дози вакцинација, заедно со редовните засилувачки вакцини за ранливите групи, остануваат оптималниот пристап“, се вели на веб-страницата на универзитетот.

Спонзорирано: