13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се буди вулканот Попокатепетл, жителите на Мексико Сити предупредени да носат маски

Интензивната активност на вулканот Попокатепетл, во централно Мексико, ја загрижува мексиканската влада, а локалните власти издадоа предупредување.

Издадено е предупредување поради континуираното исфрлање на пепел и водена пареа од кратерот и на жителите на Мексико Сити им е препорачано да носат маски.

Препораката е да се остане дома и да се избегнува директен контакт со вулканска пепел, пренесе АНСА.

Националниот центар за превенција од катастрофи извести дека опасноста се уште постои и дека селото најблиску до вулканот е евакуирано.

Покрај тоа, сателитски снимки покажуваат како облакот од пепел се приближува до најблиското село.

Попокатепетл е на околу 70 километри од Мексико Сити.