27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Не ја фрлајте првата вода во која сте го зготвиле гравот: Еве за што може да биде добра и корисна

Дали некогаш сте се запрашале како било чистењето на куќата во 19 век… Без груби вештачки детергенти и средства за чистење. Па, се користеше она што секогаш беше при рака, а тоа е храната.

На пример, во викторијанската ера, валканите тапети се чистеле со леб, а подот со свежо млеко. И така доаѓаме до грав. Кога готвите грав, обично ја фрлате првата вода и продолжувате со готвењето, нели?

Па, еден стар трик кој нашите баби многу добро го знаеле вели дека тоа никогаш не треба да се прави.

Наместо да го истурите, процедете го (за да ги извадите корите од гравот) и измешајте го со топла вода. Се вели дека оваа смеса прави чуда на стаклените површини, а вашите прозорци и огледала ќе блескаат. Попрскајте ги со смесата, а потоа исчистете ги со сунѓер и на крајот исплакнете.

Исто така, оваа течност може да се користи и за миење садови – а за малку посилен „дезинфициентен“ ефект дури и при тврдоглави дамки, можете да додадете малку алкохолен оцет во смесата.