23.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски во „Само интервју“: Ние низ дела и одлуки покажуваме дека државата сакаме да ја видиме во европското семејство, ВМРО 11 години нѐ враќаше назад во стратешките национални интереси

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, на прашањето околу членството во ЕУ, како заедничка определба и на СДСМ и на опозицијата, ја истакна разликата:

„Прво, има голема разлика разлика! Кога велиме дека СДСМ е за членство во НАТО и во ЕУ – тоа не е декларација. Ние низ дела и одлуки сме покажале дека сакаме Република Северна Македонија да ја видиме во големото европско семејство, исто како што направивме сѐ да се најдеме во големиот воено-политички сојуз – НАТО Алијанската. И историски вратете се назад, и ќе видите – од осамостојувањето на државата, Уставот, Декларацијата за членство во НАТО и ЕУ, кандидатскиот статус – кога СДСМ ја предводи Владата, признавањето на уставното име од страна на нашиот најголем стратешки партнер САД – кога СДСМ ја предводи Владата и погледнете ги другите работи“, потсети Спасовски на важни историски моменти за државата.

Наспроти тоа, тој посочи дека за ВМРО ДПМНЕ и опозицијата, декларацијата во текот на сите 30 години е само – декларација.

„Во 2008 година, кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, е самитот за прием во НАТО. Немаме ниту разговори, ниту решение, ниту напредок во целиот овој процес. Имаме власт од 2006 до 2017 година, цели 11 години, а не се прави ниту еден чекор напред, освен што се враќаме назад во делот на остварувањето на стратешките национални интереси. Погледнете ги бројките за поддршката на македонските граѓани за членство во НАТО и во ЕУ во период додека СДСМ е на власт, а погледнете како размислуваат граѓаните и како расте евроскептицизмот во другиот период. За секое остварување на национален интерес, мора да се плати некаква цена. И сите држави коишто напредувале, платиле цена – помала или поголема. Секоја цена која ќе се плати, со која ќе се осигура иднината на државата и ќе се даде јасна претстава на младите генерации за иднината на државата – е многу помала отколку животите на сите нас“, рече Спасовски.

На забелешката дека цената која ЕУ ја бара е усвојување на уставните измени, што практично значи дека Албанија ќе го продолжи својот пат без нас, односно кога би можело да се очекува усвојување на овие измени, Спасовски порача:

„Ова може да се случи кога сите, наместо декларации, ќе излеземе и ќе речеме – да, ова се националните интереси и зад нив застануваме заедно сите, без разлика на партиска, без разлика на верска, национална припадност, заради тоа што тоа е добро за државата. Ставот на опозицијата – дури не можам да го наречам став, затоа што без да понудите алтернатива на едно решение – тоа не е решение… ставот дека ‘ние ќе понудиме подобра преговарачка рамка кога ќе дојдеме на власт и со таа подобра рамка ќе пристапиме кон европската перспектива на државата’, исто така, не е став, бидејќи многу јасно се одговори во тој момент од страна на европските авторитети дека промена не може да има! Бидејќи ова е преговарачката рамка со којашто се стартува во преговорите. Не смееме да си дозволиме замајување на јавноста заради политички профит, да ги држиме граѓаните во заложништво. Нас ни треба сериозна акција!“.

Притоа Спасовски направи паралела со неодамна искажаниот став на опозицијата во однос на петте илјади денари во корист на пензионерите, за кој по само неколку дена потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ излезе со изјава дека не може да се дадат одеднаш, туку на рати, па на неколку години… „Тоа е! Без јасен, конзистентен став во политиката нема перспектива!“, категоричен е Спасовски.