15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Битиќи: Влегуваме во фаза кога нема веќе одлагање на реформските чекори, мандатот на новата влада предводена од СДСМ ќе заврши со чекор до ЕУ

„Ние во новата програма најверојатно ќе понудиме да има помал број на министерства. Сега влегуваме во фаза кога нема веќе одлагање на реформските чекори коишто треба да бидат направени. Ние кажавме дека овој нов состав на владата којшто ќе има мандат од 2024 до 2028 година би требало да заврши со еден чекор до влез во Европската Унија. Мислам дека реформските чекори нема да имаат компромис. Да почекаме откако ќе поминат парламентарните избори при новата влада дали во разговорите ќе биде укината позицијата вицепремиер, дали ќе биде намален бројот на министерства“, изјави потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека вчера на дневен ред бил предлог за кандидат за претседател на Собрание, односно Јован Митрески. Битиќи дополнително додаде дека за другите позиции ќе се преговара во органите на партијата и секако претседателот има мандат за да ги преговара сите евентуални места. Тој потсети дека позицијата на прв вицепремиер не е само во Владата на Ковачевски и дека постои од 2020 година.

„Позицијата е поставена со одреден компромис и укинувањето на позицијата вицепремиер би требало да биде со одреден разговор и компромис“, потенцираше Битиќи.
Тој заклучи дека при состав на новата влада СДСМ ќе преговара за целата нова влада и составот на новата влада, дури и за бројот на министерства.