20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Моето влегување во политика никогаш не било заради функција туку за да им служам на граѓаните

„На извршен одбор донесовме одлука да започне постапката, односно се утврди времето кога да се достават кандидатурите за претседател, кога ќе се бранат програмите на кандидатите и кога ќе биде финалниот конгрес. Сите тие процедури статутарно треба да се испочитуваат. Следниот ЦО каде официјално ќе почне периодот за давање на кандидатури на различните кандидати за претседател ќе биде на 26 декември и од тој ден ќе знаеме формално, кои се евентуалните кандидати“ изјави потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека ако се процени во рамки на партијата и ако има консензус од граѓаните дека личноста како него може да одговори на сите предизвици во наредниот период, смета дека е подготвен да одговори на таков предизвик, но не по секоја цена.

„Ако има подобри кандидати кои во овој момент одговараат повеќе како личности на позицијата којашто треба да се исполни, јас радо ќе го поддржам тој кандидат. Моето влегување во политика никогаш не било заради функција туку за да им служам на граѓаните. Тоа е клучно и ќе го правам до последниот момент“, заклучи Битиќи.