20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Костовски: Мораме да продолжиме по европски пат ако си ја сакаме државата

„Ќе ја споменам страната 10 од извештајот на ЕК каде јасно се гледа кој е виновен за лошиот извештај. Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа што беше значајна пречка за напредокот“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски го неговото гостување на емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека ова е потврда од Европската Унија дека ВМРО-ДПМНЕ е кочничар на развојот, реформите, на европскиот пат на државата. СДСМ барале од нив тоа да не се случи убедувајќи ги да учествуваат во работата, да не блокираат преку Комисии.

„Прогрес имаме во 81% од поглавјата. Нема назадување во ниту едно Поглавје. Во 90% од поглавјата сме со соодветно ниво на подготвеност. Најбитно е што нема извештаи како во 2015, 2016 кога ако се сеќавате имаше заробена држава. Мораме да продолжиме по Европски пат ако си ја сакаме државата“, заклучи Костовски.